КАРАКАМИШЕВА: Дали тоа претседателот на СОНК јавно призна дека Владата подобро од него ги познава законите?
Професорката Тања Каракамишева реагира на вчерашната изјава на лидерот на СОНК, Јаким Неделков, дека можеби дошоло задоцнето овој начин на мирно решавање на спорот, со што штрајкот на просветните работници е ставен во мирување, како и дека власта веројатно повеќе ги знае законите, па го искористила ова право за решавање на спорот.
„Дали тоа претседателот на СОНК јавно призна дека немал увид во целата правна регулатива за штрајков?
Ма дали е можно?
Владата имала подобри познавања на законите??? Ку ку...“, напиша професорката Тања Каракамишева на својот фејсбук профил.
А, Неделков, откако вчера објави дека штрајкот е ставен во мирување, изјави.
„Шивотот не учи на се, па и на вакво мирно решавање на спорови да биде практика. Можеби е ова задоцнето, можеби можело и пред штрајкот да се примени оваа опција. Ова е едно животно искуство за нас синдикалците. Власта од аспект на власт веројатно и повеќе ги знае законите, па го искористи ова право за решавање на спорот“, рече Неделков.
Слично
