Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракамишева цитира прекршени членови со изборот на Џафери, признат од сите странски сојузници

Каракамишева цитира прекршени членови со изборот на Џафери, признат од сите странски сојузници

Професорката Каракамишева од Правниот факултет цитира повеќе членови од Уставот, Деловникот и Законот за Собрание кое според нејзино мислење се прекршени со изборот на Талат Џафери за нов спикер и смета дека меѓународното признавање нема никакво важење.

Без разлика што вели Хојт Ји или кој било амбасадор во земјата, во Република Македонија мора да владее правото и мора да се почитуваат Уставот на РМ, Деловникот на Собранието и Законот за Собранието од страна на сите инволвирани субјекти во системот, вели професорката Тања Каракамишева.

Според неа, ако не владее правото, ако не се почитуваат уставните, законските и деловничките процедури за избор на претседател на Собрание, тогаш Македонија влегува во зоната на анархија каде што секоја следна институција или државен орган може да биде избран, разрешен, именуван на ист незаконски и неуставен начин, што ќе претставува вовед во целосен хаос на правниот систем.

– Сè додека Талат Џафери не е избран на стандардниот и вообичаен начин за избор на претседател, со почитување на сите дејствија и фази, тој не смее да се претставува, ниту да извршува надлежности како официјален претседател на Собранието, вели Каракамишева за Телеграф.

Со изборот на Талат Џафери се согласија голем број на правници во Република Македонија бидејќи станува збор за израз на волјата на мнозинството на пратеници. Исто така сите меѓународни партнери на Република Македонија го признаа изборот на Џафери и истакнаа дека отсега со него ќе соработуваат.

По гласањето во четвртокот дојде до организиран бунт и влегување во Собранието при што беа претепани десетина пратеници, а повредени беа новинари, полицајци и граѓани.

Слично

Поврзани вести