Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракачанов загрижен од изборниот триумф на ВМРО ДПМНЕ, вели се можело да биде поинаку

Каракачанов загрижен од изборниот триумф на ВМРО ДПМНЕ, вели се можело да биде поинаку

Резултатите од локалните избори во Северна Македонија покажаа дека и нашите браќа таму гласаат тврдоглаво, без јасна перспектива, како во Бугарија. Ова не е чудно со оглед на неспорниот факт дека сме еден народ. Сепак, таквото гласање е едноставно протест, а не решение на проблемите. Напротив, дури и ги продлабочува, пишува во Фејсбук статус бугарскиот политичар Красимир Каракачанов.

Тој во постот наведува дека Македонија влегува во опасна турбуленција, во која тие се наоѓаат повеќе од половина година.

„И голема заблуда е да се мисли дека без јасен увид за последиците, таму може да се решат горливите проблеми. А се можеше да биде многу поедноставно доколку Зоран Заев и неговата влада направеа напори да ги спроведат условите предвидени во Договорот за соседство. Така би продолжиле преговорите со ЕУ, а во нив Северна Македонија би го имала бугарското рамо, како што се обврзавме. Но, не постои начин само една земја да ја почитува својата посветеност на меѓународните договори.

Реалноста е дека преговорите никогаш не почнале, бидејќи односите меѓу двете земји се на точка на замрзнување, а правата на Бугарите кај Вардар се на ниво на „Титова Југославија“. Се разбира, загрижени сме за изборниот триумф на ДПМНЕ - оние кои зборуваа за кршење договори, враќање на натписите на спомен-таблите во РСМ, дефинирање на нашата земја како фашистички окупатор и повикуваа на сеопфатна дипломатска офанзива на ЕУ против Бугарија“, стои во статусот на Каракачанов.


Фото: Каракачанов ФБ профил

Слично

Поврзани вести