Каракачанов за Македонија: Си ја претставуваат ЕУ како да е Советскиот сојуз или Југославија
Тие си ја претставуваат ЕУ како да е Советскиот сојуз или како Југославија, во која некакви си таму сојузни држави се караат, а на крајот ќе отидат или во Белград кај другарот Тито или во Советскиот сојуз кај другарот Брежњев и Генералниот секретар ги решава проблемите, вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за БНТ.
Тој изјави дека македонските политичари прават грешка и погрешно гледаат на Европската Унија.
„Не, не, Европската унија не е Советски сојуз. Тука секоја држава, може да е помала или поголема, е рамноправна“, порача Каракачанов.
Бугарскиот новинар, политичар и дипломат Велизар Енчев бара анекс на Договорот за
добрососедство, пријателство и соработка со Македонија, во кој Скопје ќе го смени
именувањето на Бугарија и на Бугарите. Бара Бугари и Бугарија да бидат заменети со Блгари и Блгариа.
