Каракачанов вели дека Петков сака да направи национално предавство
Поранешниот лидер на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, кој е и поранешен вицепремиер на Бугарија за „Тајмс.бг“ изјави дека премиерот Кирил Петков ќе изврши национално предавство на 24 мај.
„Бугарскиот став е јасен: Компромиси за темата Северна Македонија не се прават додека не се промени политиката на Скопје кон Бугарија“, кажа Каракачанов.
Според него, Петков сака да направи национално предавство за да го одработи тоа што некој го извадил од никаде и го направи премиер на Бугарија.
Слично
