Каракачанов вели дека нема да можеме да ги излажеме и дека ние тропаме на вратата на ЕУ
Без оглед на политичката конфигурација во Бугарија по изборите, дали во владата ќе доминира ГЕРБ или БСП, дали ВМРО ќе учествува во владата или не, убеден сум дека нема да има бугарска партија што ќе ги предаде бугарските национални интереси, вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов за Bulgaria ON AIR.
„И ова е глупоста во Скопје. Тие сметаат дека со трикови, со надворешен притисок врз Бугарија, можат да продолжат да ја водат оваа антибугарска политика, која ја водат со децении, наместо да седнат чесно, фер, нормално, да имаат нормален дијалог, а не да се обидуваат да не надмудрат“, вели Каракачанов.
Според него, Скопје не може да ги „надмудри“, затоа што Македонија тропа на вратите на ЕУ, а тие треба да ги отворат.
Вели дека контроверзните прашања ако сакаме можеме да ги решиме за половина година или за период од најмногу две години.