Каракачанов тврди дека новата бугарска влада ќе ја смени позицијата кон Македонија
Поранешниот бугарски министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов се плаши дека новата бугарска влада ќе попушти во однос на Македонија.
Вели дека „Демократска Бугарија” и „Исправи се“ директно преку своите лидери најавуваат дека се за промена на бугарската позиција.
„Според нив, треба да дозволиме Македонија да започне преговори, бидејќи така било европски. Па, јас би ги прашал нив: За што ве избираат луѓето? За да бидете европски политичари или бугарски политичари? Кога се станува бугарски пратеник заклетвата се дава во Народното собрание да му служи на бугарскиот народ, а не на странските амбасади и странски држави. “Нели треба да се размислува за она што е поважно и во корист на бугарскиот национален интерес? Во полза на бугарскиот интерес е Македонија да ја промени својата политика кон нашата земја“, рече Каракачанов.
Неговата партија ВМРО-БНД за изборите во рекламен спот пак ја соменува Македонија. Во спотот се наведува дека тие се борат за „бугарштината“ при што го покажуваат Охрид.Тие очекуваат бугарските власти да се оградат. Додека земјава не го реши спорот со Бугарија нема да може да ги почне преговорите со ЕУ.
