Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракачанов тврди дека Иванов има шпион во Бугарија

Каракачанов тврди дека Иванов има шпион во Бугарија

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија „Канал 3“ вели дека македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов е основната причина да се попречат нештата во преговорите меѓу Македонија и Грција за името. 

Вели дека еден од неговите најблиски соработници продолжува оперативно да се занимава со шпионажа во Бугарија.

„Едниот од неговите блиски соработници продолжува да работи на линија на тајните служби оперативно, нема да му го кажувам името, но нека се знае дека ние сме свесни за тоа“ – рече тој.

Според него премиерот, Бојко Борисов, и вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, правилно постапиле со тоа што ја откажаа средбата со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов.

Слично

Поврзани вести