Каракачанов се лути што во Македонија има српски, но нема бугарски медиуми
Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов продолжува со провокации и оспорување на македонската нација.
Тој во уште една своја изјава тврди дека Македонците не постоеле пред 1944 година.
„Секој нормален човек што прочитал повеќе од пет страни историја, знае дека не постои македонски идентитет, одделен од бугарскиот пред 1944 година“, изјави денеска Каракачанов.
За Каракачанов проблем претставвуа и тоа што во Македонија нема бугарски медиуми. Вели дека српски има, но бугарски нема.
Тој повтори дека Бугарите и Македонците зборувале ист јазик.
„Не можеш да ја касаш раката која те поддржува и која ти е подадена со едно братско благородство во буквална смисла, братско затоа што ние сме еден народ и говориме ист јазик. Што и да ми зборуваат и објаснуваат за идентитетот, идентичноста која што била многу древна. Секој нормален човек кој што прочитал повеќе од пет страници историја поврзана со Македонија, знае дека таква идентичност одделно македонска, одделно од бугарската нема пред 1944-та година“, рече Каракачанов.
За премиерот Зоран Заев вели дека три години не направи ништо за договорот, а потоа било доцна.
