Каракачанов потврди дека ќе има блокада и обвини за измислен идентитет
Дека на 17 месецов ќе стават вето на преговорите, потврди и бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов за бугарската телевизија Канал 3. Т
Tој обвини дека македонската влада бегала од отворање на некои прашања, а дека последната комуникација ја имал во средата по самитот на берлинскиот процес.
Во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев дека се надева дека земјава и со негативен епилог во вторник, може да ги почне преговорите до крајот на годинава, Каракачанов вели дека прашањето останува отворено и се зависело од Скопје.
„Јас сум подготвен и на Коледе да работам, и да преговараме на Бадник и Нова година. Ако до 31-ви се подготвени да ги прифатат нашите позиции, нема проблем. Но, во моментов, јас не гледам никакви индикации во Скопје да има желба да седнат и искрено да разговараат за проблемите. Не може да настапуваат со аргументи „ама ова е нашиот идентитет“. Чекајте, тоа е ваш измислен идентитет. Ако веќе зборуваме за некаков идентитет и државност, тоа е по 1944 година. Темата Македонија не е решена 100 години, вие сакате за 15. Ако може да ја решиме во следните 15 години, ќе биде добро“, вели Каракачанов.
Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито, вели бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.