Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракачанов порачува дека изборите кај нив нема ништо да сменат за Македонија

Каракачанов порачува дека изборите кај нив нема ништо да сменат за Македонија

Додека Скопје не се согласи на барањата на бугарската страна, Софија нема да може да го поддржи почетокот на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. 

Рече дека  во учебниците по македонска историја, авторите ги нарекуваат Бугарите татарско-монголско племе, окупатори и фашисти.

Вицепремиерот ги повика соседите да не се надеваат дека ставот на Софија ќе се промени благодарение на внатрешните и надворешните фактори. Тука мисли на изборите кои напролет се одржуваат кај нив. 

„Јас разговарав со Заев најмалку четири пати во последните две години, но за жал, тие не ме разбираат. Проблемот не е во нас. Бугарија не ја блокира Македонија, туку политиката на Скопје ги блокира граѓаните на Македонија на патот кон Европската унија“, заклучи Каракачанов

Мали се шансите до изборите во Бугарија да има промени во односот кон Македонија. 

Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева за бугарскиот весник „Дневник“ вели дека конкретно за Северна Македонија не гледа дека оваа Влада има желба и намера да прави што и да било до март, така што за напредок може да зборувам најрано за средината на годината. 

Чернева изјави дека наместо Скопје да ја „турка“ оваа тема во предизборието во Бугарија, двете земји да се посветат на конкретни проекти. 

Слично

Поврзани вести