Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракачанов наведе две причини поради кои ставиле вето

Каракачанов наведе две причини поради кои ставиле вето

Ние треба да продолжиме да бидеме добронамерни, но не и наивни и глупави, изјави  бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. 

Тој вели дека покрај прашањето за претензиите за македонско малцинство, блокадата е и поради говорот на омраза.

„Под ставање крај на говорот на омраза подразбираме промени во образованието, омразата во медиумите и на плочите на спомениците, односно да не се фалсификува историјата. Зошто да нема рехабилитација во општеството поради оние лица што по 44-та година беа прогонувани и убивани, како и обесштетување на нивните семејства“, рече Каракачанов.

Вели дека има шанса во декември Македонија да ги почне преговорите, но без фалсификување на историјата. 

Бугарија вчера стави вето на преговорите за Македонија. 

За  Албанија дадоа зелено светло за старт на преговори со ЕУ. 

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека не биле тврдоглави, туку принципиелни. 
Но, во Бугарија има и поединци кои не се сложуваат со ветото. 

Да се ​​сопне Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија не е само морално неодбранливo, тoa е геополитички глупавo. Предавство на бугарските национални интереси е да се работи за Северна Македонија да остане поделена држава, оставена надвор од ЕУ, распарчена од секакви конфликти, пишува во својот личен блог професорот Бојко Пенчев, декан на Факултетот по словенски филологии на Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски".

Тој е дециден дека ова однесување на бугарските државници е поради нивната немоќ да се справат со како што вели, растечката епидемија, стравот од протестите. Така, вели Пенчев,Владата покажува мускули на Македонија. 

Слично

Поврзани вести