Каракачанов: Македонските власти со тропање на маса во Брисел не може ништо да добијат
Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во неговото утринско гостување на Бугарската национална телевизија рече дека не е чесно македонските власти да кажуваат, како што вели тој, невистини за бугарските во Брисел.
- Нема начин со силно тропање на масата да влезат во ЕУ. Од север. Ние од Северна Македонија сакаме да нема фалсификување на бугарскиот историја и да се стопира антибугарската предлози.пропаганда. Ние им помогнавме финансиски и со оружје, а добиваме навреди за тоа дека ние сме окупатори и фашисти. Не се запазува ниту договорот за добрососедство, рече министерот за одбрана за БТВ.
Каракачанов ова го одговори на прашањето дали Софија има доволно влијание за да ги сопре евроинтеграциите на Скопје, односно членувањето во Европската Унија.
Претседателот на ВМРО претходно некое време го немаше во јавноста затоа што беше во карантин поради контакти со генералот Димитар Петров, кој беше заболен од Ковид-19.
