Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракачанов: Камчев беше овде, да сакаше да бега немаше ни да се врати во Македонија

Каракачанов: Камчев беше овде, да сакаше да бега немаше ни да се врати во Македонија

Ако сакал Јордан Камчев да избега од Македонија тој воопшто немаше да се врати таму. Тој е бугарски државјанин, беше тука кај нас минатата година, можеше и да не се врати. Имаше можност и со бугарската лична карта легално да ги премине границите со Грција, Бугарија и Албанија – тоа тој не го направи, вели Красимир Каракачанов, бугарскиот министер за одбрана во телефонска изјава за Инфомакс. 

Бегство на бизнисмен од класата на Јордан Камчев, објаснува Каракачанов, е многу тешко да биде детектирано дури и за бугарските служби бидејќи тие луѓе имаат многу пари, и ако имаат вистинска намера да избегаат од државата најчесто можат да си ја купат слободата и со туѓа државна помош да заминат.

„Бегство со помош на трета држава се организира многу едноставно – ќе го земат со дипломатско возило и ќе го извадат од државата. И толку, објаснува Каракачанов во изјавата. 

Министерот вели и дека Македонија е земја во која власта сака да им ги земе парите со рекет на успешните бизнисмени, а успешните луѓе да ги прогонува. Доддава дека се лага информациите дека бугарски агенти му помагале на Јордан Камчев да организира бегство од Македонија.

Слично

Поврзани вести