Каракачанов: Исус Христос е Македонец
Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во своето последно телевизиско гостување излезе со нова провокативна изјава, алудирајќи на тоа дека Македонија е таа која ги присвојува историските личности за севе.
- Потпишавме договор пред 3 години, тој не се запазува. Не знам дали знаете дека дури и Исус Христос е Македонец. Скопските политичари мораат да ја градат својата историја врз основа на автентични факти од нивната историја, рече министерот за одбрана во интервјуто за бугарската национална телевизија.
Тој вели дека Македонија треба да го промени пристапот кон заедничката историја за да добие датум на преговори со ЕУ.
- Не можете да ги подготвувате децата во прво одделение да имаат омраза кон Бугарите. Не можете да воспитувате омраза и врз основа на лажни факти, рече Красимир Каракачанов во интервјуто за „БНТ“.
