Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракачанов има ново барање

Каракачанов има ново барање

Писмен анекс на Договорот, но со содржина од бугарската Рамковна позиција. 

Ова го бара бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, пренесуваат бугарските медиуми.

„Потсетувам дека од октомври 2019 година постои Рамковна позиција, утврдена од бугарскиот парламент, во која се јасно дефинирани роковите и условите при кои Бугарија ќе го поддржи членството на РСМ во ЕУ. Од макердонска страна не е исполнет ниту еден услов од Рамковната позиција, особено условите за постигнување напредок во работата на заедничката историска комисија, која практично беше еднострано блокирана од Владата во Скопје. За мене останува потполно неприфатливо Македонија да добие поддршка за започнување на преговорите со ЕУ со изнаоѓање на каков било компромис со Декларацијата од 1999 година, потпишана меѓу двете држави, или без јасно признавање од страна на Скопје на бугарските корени на современиот македонски јазик и историја по 1944 година. Не сметам дека во моментов Бугарија има гаранции од македонска страна за исполнување на Договорот од август 2017 година и не прифаќам дека такви гаранции можат да бидат дадени од членови на македонската Влада или само декларација од нивна страна. Единстевна гаранција би можел да биде писмен анекс кон Договорот од 2017, што ќе ја одразува бугарската Рамковна позиција и Декларацијата на бугарскиот парламент од октомври 2019 година“, стои во соопштението. 

Ако тоа не се случи вели дека Бугарија не може да го поддржи европското членство на Македонија при никакви услови и при никаков надворешен притисок.

Бугарија не отстапува од тврдите позиции, иако Германија сака да се најде решение.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по вчерашната средбата во Берлин изјави дека засега не можат да ја одобрат преговарачката рамка. 

Од бугарска страна имаше барање земјава да прифати дека македонскиот народ и јазик според нив имаат бугарски корени. Македонските власти го отфрлија ова. 

Каракачанов дури изјави дека македонскиот јазик е балканско епсеранто. 

Слично

Поврзани вести