Каракачанов ги разлути македонските власти-МНР не му се „потресува“
Бугарскиот бицепремиер за безбедност на социјалните мрежи распали по Македонија и премиерот пишувајќи дека немало да дозволи компромиси со историјата на Бугарија .
Коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев пред Парламентот на Македонија, во која тој дава сугестија дека договорот со Грција, познат како Преспански договор ја дава идентификација за постоење на македонски јазик и никој нема право да му противречи на тоа Красимир Каракачанов упати закани на адреса на Македонија дека темата со македонскиот јазик може да не чини членство во НАТО и ЕУ.
Северна Македонија е географска ознака, што вклучува и сегашна територија од Република Бугарија. Г-дин Заев утре може да посака целосно идентичен бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација“, пишува Каракачанов.
МНР на оваа провокација одговори но не толку дрско како Каракачанов.
Од Македонското министерство за Канал 5 рекле дека изјавите на Каракачанов претставуваат извонредна прилика за сличен контра - одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не’ оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателство.
-Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својата проактивна, конструктивна и добрососедска политика, во духот и на потпишаниот Договор со Бугарија и на европските вредности по кои се водат двете земји-реагираат од МНР.
