Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракачанов ги бара моштите на Гоце Делчев

Каракачанов ги бара моштите на Гоце Делчев

ВМРО - БНД на Красимир Каракачанов  побара враќање на моштите на херојот Гоце Делчев во Софија.

„Ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува!, велат од бугарското ВМРО.

Од партијата на Каракачанов велат дека денеска, е незаборавен датум за нивната историја – 4 февруари, затоа што се слават 150 години од раѓањето на легендарниот војвода Георги (Гоце) Николов Делчев. 

„Гоце Делчев е идеолог и амблем на борбата за ослободување на родната бугарска земја – Македонија. Денес, пак, сведоци сме на арогантен и непочитувачки однос на политичарите во Скопје, каде што во 1946 година комунистичките власти во Бугарија ги предале коските на легендарниот стратег и идеолог на ТМОРО, подоцна преименувана во ВМРО. Но, на овој незаборавен датум, излегува дека ниту премиерот на Македонија Ковачевски, ниту министерот за надворешни работи Османи, ниту претседателот Пендаровски нема да ја почитуваат церемонијата на чествување на споменот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје заедно со бугарската делегација“, реагираат од партијата ВМРО - БНД.

Гоце Делчев е херој и на двете земји и не треба да има спорови, смета партијата на Слави Трифонов од „Има таков народ“. 

Слично

Поврзани вести