Економија, финансии, бизнис

Контакт

Караѓозоска отповикана од амбасадорската функција - која е причината?

Караѓозоска отповикана од амбасадорската функција - која е причината?

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов ја отповика македонската амбасадорка во Хрватска, Даниела Караѓозоска.

Од Министерството за надворешни работи објаснуваат дека отповикувањето е поради тоа што на 31 октомври  истекува мандатот на Караѓозоска. Понатаму ќе биде назначен вршител на должност ако не се избере нов амбасадор.

Синдикатот на македонската дипломатска служба лани побара од министерот за надворешни работи, Никола Поповски јавно да се огради од ставовите на македонската амбасадорка од Загреб затоа што ја прекршила Виенската конвенција за дипломатски односи. Караѓозоска тогаш на својот профил на Фејсбук изразила огромно жалење за оставката на  екс министерката за внатрешни работи,  Гордана Јанкулоска по настаните во  Диво насеље во Куманово.

Беа објавени и фотографии како возачот на македонската амбасада со кофа со сапуница го мие службеното возило пред зградата во која живее амбасадорката. Имаше и фотографии од амбасадорското возило украсено со панделки по повод свадбата на ќерката на Караѓозоска. 

Караѓозоска на амбасадорската функција дојде како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести