Караџовски уште само две недели претседател на Судскиот совет
За две недели му истекува мандатот како претседател на првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџовски, иако како член останува во ова правосудно тело до следното лето.
Извори на Телма велат дека судијата од Врховен суд, Киро Здравев, засега покажал амбиција да биде негов наследник.
Седницата за избор е планирана за 25-ти Април, а кандидатите мора да бидат предложени.
Доколку уште тројца членови на судскиот совет го подржат предлогот тој официјално станува и кандидат. Може да има најмногу 3 имиња на ливчето за гласање.
Слично
