Економија, финансии, бизнис

Контакт

Караџовски се противи на реизбор на судии, тоа би било хајка

Караџовски се противи на реизбор на судии, тоа би било хајка

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, не се согласува со идејата за целосен реизбор на судии кој го најави мандатарот Зоран Заев како дел од новата владина програма што ќе биде една од најважните реформи на правосудството во Република Македонија.

„Буквално хајка се создава во медимите против судиите дека сите се мафијаши, исполитизирани и корумпирани, не знаат да работат, нестручно работат. Тоа е само една закана, закана е преблаг збор, но не е соодветно без разлика дали се искажани од политичар или новинар мислам дека се неаргументирани. По 100 пат ќе кажам одговорност можеме да бараме од секој согласно Уставот и законите, тргнувајќи од мене па до секој судија во секој суд“, вели Караџовски.

Во програмата на новата влада покрај реизбор, планирано е специјализирано судско одделение за предметите на СЈО, специјализирани трговски судови со кои ќе се подобри бизнис климата, намалување на судските такси за правда достапна за сите граѓани. 

Извор: 24vesti.mk

Слично

Поврзани вести