Караџовски: Новите мерки се воведуваат поради две причини
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, на денешната прес-конференција рече дека има два клучни момента зошто сега се носат новите рестриктивни мерки кои ги донесе Владата.
- Ова не е истиот вирус што го имавме во ноември и поради кумулативниот број на хоспитализирани болни и лица што беа позитивни се разликува во однос на ноември. Тогаш имавме од 800 до 1.000 случаи дневно и бевме способни да ги изменаџираме, но сега состојбата не е таква. Во последните три недели се случува бум во бројот, односно просечниот број позитивни се движи од 1.200 до 1.300, сме имале и 1.400 и 1.500, во сабота и недела, обично кога бројките не се релевантни сме имале и 600 и 700 случаи. Се насобраа, кумулираа, огромен број случаи и за краток период од две до три недели се наполнија болниците, смета Караџовски.
Епидемиологот очекува во следниот период од 14 дена, колку што же траат мерките, да се растоварат здравствените работници и да му се овозможи на Министерството за здравство да обезбеди нови капацитети, а оние што се реновираат и им се поставува довод за кислород да може да бидат завршени, како и да се обезбедат поголем број вакцини.
– Сите овие мерки ги правиме за да спречиме зголемување на бројот кој лани ни се одрази во моментот кога имавме и Рамазан Бајрам, и кога имавме Велигден, рече тој.
Сосотојбата ја оцени „кон неповолна“, но не и катастрофалнаи дека сега кога е пикот се очекува бројот на заболени да се зголеми енормно и мерките се носат за здравствениот систем да може да ги апсорбира.
