Економија, финансии, бизнис

Контакт

Караџовски и заблагодари на Владата што дозволила да се купи BMW од 40.000 евра

Караџовски и заблагодари на Владата што дозволила да се купи BMW од 40.000 евра

Зоран Караџовски, претседателот на Судскиот совет, и се заблагодари на Владата и на министерството за финансии што дозволиле да се купи возило од марката BMW за потребите на судот.

Истото чини 40.000, а Караџовски се потпишал на договорот за набавка во петокот.  ТВ 24. објави дека е набавено уште едно возило „Опел Астра“ вредно 16.000 евра. 

- Не сметам дека е луксузно возило воопшто, тоа е едно репрезентативно возило кое нема да се вози често. Благодарни сме на Владата и на Министерот за финансии што за прв пат во историјата на судовите одобрија средства за возила, и за прв пат е освежен возниот парк на судовите - изјави Караџовски за телевизијата, при тоа напоменувајќи дека таков автомобил не е луксуз туку потреба.

Возилата се наменети за Судскиот совет како и за Врховниот суд, каде што претседател е Јово Вангеловски. Караџовски вели дека тој нема да се вози во БМВ-то, туку неговиот наследник. Тој е пред заминување од својата функција.


Слично

Поврзани вести