Караџовски: Британскиот сој се пренесува многу полесно, реинфицираните не почитувале мерки
Ја следиме состојбата со случаите кои ги регистрираше Институтот за јавно здравје, а во однос на реинфицираните луѓе односно оние кои по втор пат биле заболени, рече денеска Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести. Од појавата на првиот случај на ковид-19 во Македонија пред една година досега, 116 лица по вторпат се заразиле со вирусот. Караџоски вели дека тоа се должи на непочитувањето на мерките, но дека оваа бројка е само 0,01 процент од вкупниот број на позитивни.
„ Ја следиме состојбата. Да и во светски рамки е присутна реинфекција. Кај нас на 112.000 позитивни овие 116 реинфицирани се 0,01 процент. Случаите се должат на непочитувањето на мерките од страна на луѓето кои веќе го прележалевирусот и сметаат дека не можат повтроно да се заразат па не внимавале. Секако и поради ширењето новиот британски сој за кој има сознанија дека се пренесува за 50 до 70 отсто повеќе, односно има полесна трансмисија, рече Караџовски.
