Економија, финансии, бизнис

Контакт

Караџоски откри максимум колку лица може да се хоспитализирани: Се бараат решенија

Караџоски откри максимум колку лица може да се хоспитализирани: Се бараат решенија

Вкупно 696 лица се хоспитализирани во моментов на клиниките во државата кои хоспитализираат ковид пациенти. Д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести вели дека засега домашниот здравствен систем има капацитет за примање нови болни.Со дополнителното прилагодување и отворање на нови одделенија во земјава би можеле да лежат околу 1.000 пациенти во исто време. Сепак повеќе најверојатно би било проблем.

„Од иднава недела правиме напори одредени одделенија кои во моментов не функционираа како ковид-центри да ги претвориме во одделенија кадешто ќе можеме да зголемиме број на хоспитализирани пациенти. Пред се, одредени интернистички одделенија во државата ќе се претворат во ковид-одделенија. „8 Септември“, истото што го правеше во април и мај, ќе го прави и сега. Плус Институтот за белодробни заболувања во Козле ќе биде ковид-центар со 60 кревети, меѓутоа и три клиники за коишто размислувавме, тоа е дерматовенерологија, ревматологија, па дури и Институт за ТБЦ. Меѓутоа, пред да дојдеме до таму, имаме уште неколку опции, а тоа се интернистичките одделенија во сите клинички болници низ државата. На прашањето колку сега имаме хоспитализации – некаде над 600. На прашањето колку можеме да одиме со број на заболени и хоспитализирани – повеќе од 1 000. Значи, не сме дошле до таму во моментот да немаме капацитет. Проблеми, во моментов, се одредени специјалисти од областа на пулмологијата коишто имаме намера да ги ротираме од институција во институција, па дури и приватните интернисти да ги вклучиме во дежурствата“,рече Караџовски за 360 степени.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 позитивни и 6 суспектни деца на Ковид-19 и 18 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 11 приеми, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 67, а во болницата во Штип се 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 315 позитивни и сомнителни на Ковид-19.


Слично

Поврзани вести