Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КАПА ДОЛУ ЗА ИНТЕГРИТЕТОТ НА ЈАНКУЛОВСКА“: За Ванковска, таа сега изгледа како жена со целосна зрелост и стоицизам

„КАПА ДОЛУ ЗА ИНТЕГРИТЕТОТ НА ЈАНКУЛОВСКА“: За Ванковска, таа сега изгледа како жена со целосна зрелост и стоицизам

Откако професорката Билјана Ванковска го изгледала интервјуто на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, излезе со свој став и анализа околу нејзиното појавување.

“Прво, капата долу за интегритетот на Јанкуловска! Целата нејзина агонија, од начинот на кој ја судеа, одвратниот „конзилиум” во 9 месец на бременост (јас лично како жена тоа не можам да го заборавам), цунамито на омраза и мизогинија до достоинството што ги задржа за три години - сето тоа зборува за ретка личност.

За жал, таа никогаш порано не ја имаше можноста да ја покаже својата наобразба, интелигенција и елоквенција. Сега изгледа како жена со целосна зрелост и стоицизам на кој сите оние “мажишта” можат да и’ завидуваат и да учат од неа. Никола Груевски, а и неговиот наследник, не верувам дека имаат ваков профил (мекушци се).

Во секој случај, ги проголта солзите кога зборуваше за детето, но се држеше супериорно во однос на медиумските и политички замки. Со знаење и со аргументи.

Секоја чест. Срамот е на страната на оние (меѓу кои и новинарите) кои се иживуваа врз неа и со неа“, напиша таа на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести