Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кантон во Швајцарија ќе воведе минимална плата - колку ќе изнесува?

Кантон во Швајцарија ќе воведе минимална плата - колку ќе изнесува?

Минимална плата за час ќе биде дефинирана во кантонот Нојшател во Швајцарија. 

Претходно Федералниот суд ја отфрли на последна инстанца жалбата на локалните работодавци и економските организации против оваа мерка.

Граѓаните од Нојшател побараа минималната плата да биде 20 швајцарски франци (17,38 евра) на час. Швајцарската агенција „СДА“ пишува  дека се предвидени исклучоци во земјоделството и лозарството. За споредба, во соседна Франција минималната плата за час е 9,76 евра.

Нојшател е и првиот кантон во земјата, во кој се воведува минимална плата.

Воведувањето на минимална плата за час беше одлучено на кантонски референдум во 2011-та година, организиран врз основа на петиција.

При 20 швајцарски франци на час и работна недела од 41 часа соодветниот годишен приход достигнува 41.759 швајцарски франци (36.303 евра) или 3.480 швајцарски франци на месец. Со таква сума во Швајцарија е многу тешко да се живее без социјална помош.

Иницијативи за воведување на минимална плата има и во кантоните Јура и Тичино, но постапката не е завршена.

Кантоните Женева, Во и Вале не сакаат вакви проекти.

Слично

Поврзани вести