Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кангал усмртил куче во струшко, поднесена кривична пријава

Кангал усмртил куче во струшко, поднесена кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против 45-годишен жител на селото Ливада, струшко, поради сомнение за кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“.

Според МВР, случајот се случил на 27 март на патот меѓу селата Ливада и Биџево, кога пријавениот и уште едно лице се движеле со возило и со себе имале куче од расата кангал.

Во официјалното соопштение се наведува:

„На 27.03.2026 на патот с.Ливада - с.Биџево, Б.Д. и уште едно лице се движеле со возило и со нив имале и куче од расата „кангал“, кое го држеле со ремен преку прозор и го шетале со возилото, а кога пристигнале во близина на дворот на Љ.Д. во с.Биџево, пријавениот го пуштил кучето слободно, кое го нападнало кучето на Љ.Д. од расата „миник“ и го усмртило.“

Слично

Поврзани вести