Кандидатот на СДСМ за градоначалник во Аеродром ветува трајно решение со депониите во општината
Со години советничката група на СДСМ, но и многу граѓански организации апелираа до општината да ги исчисти дивите депонии кои шират зарази и болести. После осум години власт на ВМРО-ДПМНЕ и Ивица Коневски, бројот на депонии се зголемува наместо да се намалува. Во моментов има пет вакви диви депонии и општината не презема ништо затоа, обвини денеска кандидатот од редовите на СДСМ кој ќе се трка за градоначалничката фотелја во скопски Аеродром.
Златко Марин потенцираше дека јавната хигиена по тротоарите, улиците и тревниците е на катстрофално лошо ниво
„Почитувани, факт е дека Коневски и ВМРО - ДПМНЕ не се
грижат за ништо друго, освен да профитираат од градежната експанзија и
себепромоција преку скапи реклами платени од граѓаните. Ова после 15 октомври
се менува. Чиста општина и чиста животна средина ќе бидат меѓу главните
приоритети на новата локална власт. Со низа инвестиции и промени во работењето
ќе ја подобриме јавната хигиена воопштината и ќе ја зачуваме животната средина.
Дел од приоритетните мерки на СДСМ за општина Аеродром се:
Оформување на Комунално претпријатие во рамките на локалната самоуправа, задолжено за хигиената во општината. Ова претпријатие ќе биде задолжено да ја одржува хигиената на улиците, тротоарите ипросторот меѓу зградите.
Зголемување на ефективноста и ефикасноста на работата на постоечките служби прекунамалување на обемот на нивната работа. Во овој момент службите не можат да постигнат заради лошата организација ипланирање на работата.
Трајно решавање на проблемот со депониите без разлика дали се наоѓаат на приватни или јавни површини.Општината се правда дека нема ингеренции за чистење на приватните парцели, но тоа не е вистина. Новата власт ќе ги чисти сите површини на територија на општина Аеродром.
Поставување на нови подземни контејнери и контејнери за селективен отпад. Санација, како и редовно чистење на Усјанскиот канал“, изјави Марин.
Тој посочи дека Аеродром заслужува нова локална власт којашто ќе работи домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните и дека на локалните избори граѓаните ќе се изборат за промени.
Интервју Златко Марин: Ревизија на сите ДУП-ови во Аеродром по изборите
