Кандидатите за упис во средно утре ќе ги знаат резултатите
Кандидатите кои поднесоа пријави за упис во средно образование утре ќе ги знаат преелиминарните резултати. Денеска заврши првиот уписен рок за полуматурантите.
Најмногу пријавени кандидати за упис има во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов” од Скопје каде за 646 места конкурирале повеќе од 860 полуматуранти, а исто така голем интерес има и кај скопските гимназии кои имаат долга традиција.
Помал број на пријавени од предвидениот број на можни кандидати за упис има во техничките училишта.
Списоците на примени и одбиени полуматурани училиштата ќе бидат истакнати утре. Таму каде се пријавиле повеќе кандидати од бројот на слободни места на 3 јули ќе има квалификационо тестирање. Резултатите потенцијалните средношколци ќе ги знаат на 4 јули.
