КАНДИДАТИТЕ ОДБЛИСКУ: Ќе седне ли градежниот инженер Асаф Адеми на главната фотелја на министерството за култура?
Се чека одлуката на Собранието за тоа дали Асаф Адеми од редовите на БЕСА, којшто се кандидираше за градоначалник на Гостивар ќе се смести во фотелјата на министерството за култура.
Адеми доаѓа од Движењето Беса на Гаши а во јавноста се брифира дека оваа партија бара уште едно заменичко место. Тој по професија е градежен инженер, дипломирал на државниот Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје и во моментов е директор на данска компанија. Асаф Адеми според имотниот лист објавен од Државна комисија за спречување корупција нема ништо на свое име. Од имот кој е пријавен на име на неговите родители Адеми пријавил куќа со деловен простор и двор од 240 м2 Гостивар во вредност од 30.000.000,00 денари . Нa име на неговата сопруга пак е пријавено моторно возило БМВ 530Д 2001/2009 во вредност од 900.000,00 денари и Ренаулт 9 1994/1994 на неговите родители . На имот на родителите, идниот министер за култура пријавил и Закуп од деловен простор и кредит . Имено, Асаф Адеми е поранешен амбасадор на Р. Македонија во Данска, женет, татко на три деца. Извесен период раководеше со Секторот за урбанизам во општина Гостивар. Парламентот ги чека биографиите на новите министри и заменици министри во владата на Заев кои најверојатно ќе се разгледуваат на седница следната недела. И.С.
