Кандидати за полицајци ќе сопираат возачи во Скопје
Во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје поради големиот број на кандидати (456) испитот ќе се одвива четири дена, од 12 до 15 февруари во периодот од 10:00 до 17:00 часот.
Притоа испитот ќе се спроведе во централното градско подрачје, каде на претходно определени места ќе се сопираат возила и ќе биде вршена проверка на возачот и возилото од страна на кандидатите заедно со полициски службеници кои ќе ги оценуваат истите.
Во понеделник испит ќе се спроведе на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Тетово, Штип и Струмица. На 13.02. (вторник) на подрачјето на СВР Охрид, на 14.02. (среда) во Битола и на 15.02. (четврток) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Куманово и Велес.
МВР апелира до граѓаните да покажат разбирање и соработка со цел успешно спроведување на практичниот испит.
