Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАВАДАРЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРНО МИТКО ЈАНЧЕВ: Се чека официјална потврда од партијата

КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАВАДАРЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРНО МИТКО ЈАНЧЕВ: Се чека официјална потврда од партијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најверојатно уште еднаш ќе го поддржи актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев на претстојните локални изабори.

Како што денеска објавува Фокус , Јанчев, на претстојните локални избори ќе се натпреварува за уште еден мандат како кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој не сака да ги коментира информациите, како што изјавил за Фокус, додека не биде официјално потврдена неговата кандидатура на партиските органи.

Фокус, иако неофицијално, наведува дека во текот на денешниот ден треба да има потврда, а освен тоа ВМРО-ДПМНЕ треба да донесе одлука и за поддршка на Данела Арсовска, актурлната претседателка на Сојузот на стопанските комори, која пред неколку дена објави независна кандидатура за градоначалник на Скопје.


Слично

Поврзани вести