Кандидат за градоначалник кој не влезе во втор круг и негови роднини агитирале за гласање во Шуто Оризари: ДИК им ги одзема акредитациите
Во Шуто Оризари се агитирало во училиште, пред гласачки места, со издадени акредитации од страна на ДИК, соопшти Државната изборна комисија.
„Регистирани биле кандидат за градоначалник кој не влезе во вториот круг во Шуто Оризари, членови на неговото смејство и кандидати за советници. На овие лица, ДИК издала акредитации за набљудување. Констатиравме дека овие лица го пречекориле кодексот за набљудување - лица кои требало непристрасно да се однесуваат, а тие вршеле агитации. Известено е и МВР“, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Со одземање на акредитациите, тие не смеат да присуствуваат на избирачките места.
Слично
