Економија, финансии, бизнис

Контакт

Канческа Милевска: Пратениците не се гласачка машинерија

Канческа Милевска: Пратениците не се гласачка машинерија

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска во Собранието денеска изјави дека референдумот беше неуспешен, дека сите сакаат во ЕУ да одат, но нема национален консензус. 

36.9% излезност според неа дава одговор на погрешните чекори. 

Таа вели дека требало двете најголеми партии, да имаат јасни кампањи „за“ и „против“. 

„Сите пратеници требаше активно да бидат вклучени во овој процес, почитувајќи го Уставот и законите. Пратениците не се гласачка машинерија“ - вели таа. 

Изјави дека во Собранието треба да има парламентарна, а не партиска демократија. 

Вели дека е жално што државата е доведена во една ваква ситуација. 

Канческа Милевска рече дека проблеми има многу, и не треба народот да го малтретираат со празни демагогии. 

Eкс министерката наведе дека патот до ЕУ  не е лесен и мора многу да се работи. 

Слично

Поврзани вести