Канческа Милевска: ВМРО-ДПМНЕ се служи со лажен патриотизам
Пратеничката Eлизабета Канческа Милевска од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, праша да се објасни кои биле причините за да се прифати „ерга омнес“.
Taa рече дека мора да се дадат одговори зошто овој процес не се реши толку долго. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ го избрало најлесниот и најпогрешниот пат.
Со нивното неприсуство и неучество, вели дека покажале лажен патриотизам.
Вели дека ќе имаат сенка која ќе ги следи.
„Иако сме навидум мал број на пратеници кои се одважија и искрено верувавме во овој процес, и се заложивме со активно учество и со голем ангажман, да го потврдиме и да го сочуваме, она што е најисконско, а тоа е македонскиот идентитет и јазик“, рече таа.
Пратеничката вели дека ВМРО-ДПМНЕ ако сакаше да го блокира договорот, тоа ќе го направеше. Ако сакале подобар договор, требало да работат на истиот.
Вели дека не треба да ја уназадат државата со своите постапки.
