Економија, финансии, бизнис

Контакт

Канческа Милевска вели дека „ден потоа“ добила позитивни пораки и поддршка

Канческа Милевска вели дека „ден потоа“ добила позитивни пораки и поддршка

Пратеничката Елизабета Канчевска-Милевска, која пред четири дена беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ вели за Дојче Веле дека никој ништо нема да скрие, и сѐ ќе излезе на виделина. 

Вели немала дилеми пред да гласа, и според неа, нема ништо лошо во нејзината одлука.  Ден потоа тврди дека добила поддршка и многу позитивни пораки. 

„Одлуката ја донесов без никаков притисок од ниедна страна, анализирајќи ја од многу аспекти целокупната состојба. И одговорно стојам зад мојата одлука. Сметам дека е неопходно да го направиме ова. Само на овој начин ќе видиме кој на каков начин и во минатото, и сега се залагал да го реши ова прашање кое ја попречува нашата евроатланска перспектива“, вели таа за Дојче Веле. 

Изјави дека одлуката ја донела по сеопфатна анализа и дека тоа не било избрзано. 

Слично

Поврзани вести