Канческа Милевска тврди не го знае лицето со качулка кое ја гушна во Собранието
Министерката за култура во заминување, Елизабета Канческа Милевска пред отварањето на новата филхармонија на новинарско прашање изјави дека не го познавала лицето со качулка со кое се поздравуваше во Собранието на 27 април.
„Не се познавам со човекот со качулка со кого се прегрнав во Собранието. Ова е убав настан вечерва, се надевам ќе се согласите дека треба дојстојно да се отвори новиот објект на филхармонијата“ - изјави Канческа Милевска.
Овие лица со качулки се поздравуваа со дел од пратениците, а потоа ги нападнаа пратениците од парламентарното мнозинство.
На истиот настан дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а министерката кажа дека немало покани до лидери на партии, туку дошле оние кои купиле билети.
