Економија, финансии, бизнис

Контакт

Канческа Милевска тврди дека никој не и понудил пари за гласање

Канческа Милевска тврди дека никој не и понудил пари за гласање

Пратеничката и eкс министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска во синоќешното интервју за емисијата 360 степени на Алсат ги отфрли сите обвинувања дека некој ѝ нудел поткуп. 

„Со никој претходно не сум се договарала. Можев да се доведам во собраниската сала јас да бидам единствена која би гласала „за“. Можеше да се случи и тоа. Јас сум размислувала за тоа и пред мене сум чиста. Ги отфрлам тврдењата дека постоел поткуп, дека имало некакво договарање”, вели таа. 

За исклучувањето од партијата на неа и на останатите пратеници кои гласаа „За“ во петокот, таа смета дека станува збор за одлука која е избрзана и непринципиелна.

„Тој став не го изградив од вечерта за вечерта. Го изградив врз сеопфатна анализа, вклучувајќи ги грешките на партијата, на власта, на нас како функционери и претходни и сегашни. Патриот за мене е онаа личност која ѝ мисли добро на државата и кој со различни дискусии и дебати може да ѝ помогне на државата”, рече Канчевска-Милевска.

Вели дека од дискусиите во Собранието, јасно било дека ќе гласа позитивно. 

Слично

Поврзани вести