Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА НА РАСПИТ ЗА ТЕНДЕРИ: СЈО бараше да и се одземе пасошот, како ќе постапи судот?

КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА НА РАСПИТ ЗА ТЕНДЕРИ: СЈО бараше да и се одземе пасошот, како ќе постапи судот?

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска треба да се појави на распит во Кривичен суд.

СЈО побара на министерката и второосомничената во случајот „Тендери“ како мерка на претпазливост да им бидат одземени пасошите и да добијат обврска за пријавување во судот еднаш неделно, поради постоење опасност од бекство.

По распитот ќе видме каква одлуа ќе донесе судот и дали ќе постапи по барањата на СЈО.

Имено, „Тендери“ е новата истрага на специјалното јавно обвинителство во која првоосомничена во оваа истрага е министерката Канческа- Милевска која  се сомничи  за местење на тендерот во полза на АД „Бетон- Штип“ за изградба на музејот на ВМРО. 

СЈО тврди дека министерата го штетила државниот буџет за еден милион евра. 

Канческа- Милевска пак цврсто ги отфрли обвинувањатата со образложение дека проектот е чист како солза и дека СЈО работи по агенда на СДСМ.

Слично

Поврзани вести