ДРАМА- Украден мртовец од струмичката болница
Дваесетина луѓе утрово украле мртов човек од болнички кревет во инфективното оддление на Општата болница во Струмица, јавува Каналвис.
Телевизијата објави дека вистинска драма се случувала денеска во болницата. Прво околу 9 часот утрово сопругата и ќерката го донеле 49-годишниот човек во тешка состојба. Неговото дишење било отежнато по што тој набрзо починал. Не е потврдено дали бил позитивен на коронавирусот затоа што резултатите од земениот брис се уште не биле готови.
Толпата што го земала дошла набрзо откако на блиските им било соопштено дека за жал нивниот татко и сопруг починал. Од болницата го потврдиле случајот
Слично
