Економија, финансии, бизнис

Контакт

Весникот NY Times од 26 Мај 1903 - Убиен е Македонскиoт лидер Делчев!

Весникот NY Times од 26 Мај 1903 - Убиен е Македонскиoт лидер Делчев!

Американски „NYT“ во 1903 година ја објавил веста за смртта на Делчев, со наслов: „Убиен е Македонскиот лидер Делчев!“

Како што може да се види од оригиналната фотографија, веста е објавена во најпознатиот американски весник, на 26-ти мај 1903-та година (вторник).

Весникот Гоце Делчев го именува како Македонец и македонски лидер, а сето тоа било напишано од бугарски дописник на „NYT“ од Софија, Бугарија.

Сето ова го пренесува веб сајтот на Канал 5 телевизија, од каде најавуваат и други вакви документи.

Инаку во веста пишува дека Гоце Делчев со уште неколку свои придружници биле во селото Баница во близина на Серeс и дека биле предадени од Грчки шпион.

Откако турската војска го опколила селото, сите придружници на Гоце Делчев, вклучувајќи го и него биле убиени.

Гоце Делчев имал 32 години и бил школски учител кој што развил организација на целата територија на земјата (Македонија), јавува бугарскиот дописник од „NYT“.

фото Канал 5

Слично

Поврзани вести