Канал 5 до Јанушев: Заврши времето кога политичарите одлучуваа со кого ќе се соочат
Игор Јанушев генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва не се појави на дебатата „Само вистина “ на телевизија Канал 5 со Хари Локвенец од СДСМ.
Иако водителката тврди дека тој ја приватил поканата, Јанушев на својот Фејсбук профил напиша:
„Сакам да посочам дека претходно прифатив да учествувам на ценетата емисија Само вистина и да дебатирам со потпретседателот на СДСМ – Фросина Ременски, со укажување дека со истиот соговорник веќе бев на дебата и можеби е добро да размислат дебатата да биде со некој друг од раководството на СДСМ, напоменувајќи дека дури и да остане како што е првично планирано немам никаков проблем. Очигледно плановите, но и желбите, очекувањата или стравувањата биле поинакви по што телевизијата ме извести дека гостинот со кој треба да дебатирам е Хари Локвенец. Со оглед на тоа што се работи за пратеник кој не е во потесните раководни органи на партијата јасно подвлеков дека сум целосно подготвен да дебатирам со било кој од потпретседателите или генералниот секретар на партијата на власт, во секое време и на секоја тема и дека доколку на тоа не се согласни од СДСМ дебатата со Локвенец може да се реализира со било кој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“, тврди Јанушев.
На сајтот на Канал 5 стои реакција по повод објавата на Јанушев, во која се истакнува дека заврши времето кога политичарите бираа каде и со кого ќе се соочат, а целиот текст можете да го видите ТУКА.
