Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Канадскиот премиер носеше саат од 100 евра, нашиот Мицика саат од 7.000 евра!?“: Апасиев по средбата во Давос

„Канадскиот премиер носеше саат од 100 евра, нашиот Мицика саат од 7.000 евра!?“: Апасиев по средбата во Давос

Лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев и денеска со посебна посвета за часовникот на премиерот Христијан Мицкоски. 

Апасиев на неговиот Фејсбук профил пренесе фотографија од неколку лидери од Блаканот и нивните часовници, секако проследено со коментар во негов стил. 

- Канадскиот премиер, во Давос, носеше саат од 100 ЕУР. Нашиот #Мицика носеше саат од 7.000 ЕУР!?

Тоа е таа малограѓанштина. Тоа е тој белосветски снобизам.

p.s. Ама ако, ние си го гласаме - напиша Апасиев. 


Инаку првично споредбата меѓу часовниците на лидерите на европските и светски земји е направена од фејсбук страница каде се анализирани часовниците кои ги носеа лидерите на земјите-членки на НАТО, меѓу кои е и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

„НАТО, Организацијата на Северноатлантскиот договор, е политички и воен сојуз кој моментално се состои од 32 земји-членки, претежно предводени од претседатели или премиери. Нејзините членови се САД, Данска, Шведска, Норвешка, Германија и Турција, меѓу другите – секој со свој стил на лидерство, позадина и интересно, свој избор на часовник“, пишува платформата.

Анализирани се само 20 од претседателите или премиерите на земјите-членки на НАТО колку што можеле да се забележат.





Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично

Поврзани вести