Канадскиот премиер го очекува денот кога ќе и каже добредојде на Македонија во НАТО
Kанадскиот премиер, Џастин Трудо, упати писмо со честитки за изборот за претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
Тој пишува дека Канада го поздравува формирањето на новата Влада, и во име на неговата земја, изразува надеж за плодна соработка во иднина.
„Сигурен сум дека ќе продолжите да ја водите вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на вашата земја, кон светла иднина заснована на најавените реформи, на европските аспирации, и на заложбите за регионална стабилност. Канада и понатаму продолжува со поддршката на амбициите на Македонија за членство во НАТО и го очекуваме денот кога ќе ви посакаме добредојде во алијансата. Ви ги испраќам моите најдобри желби за успех во остварувањето на вашата владина програма и се надевам дека ќе имаме можност за соработуваме во остварувањето на нашите заеднички приоритети“- стои во писмото од Трудо, до Заев.
Тој додава дека изборот за премиер доаѓа после еден тежок транизициски период.