Економија, финансии, бизнис

Контакт

Канадски експерт предупредува за можен терористички напад во Скопје

Канадски експерт предупредува за можен терористички напад во Скопје

Канадски експерт за антитероризам предупредува за можен терористички напад во Скопје кој би се случил летово. 

Според него, тоа би можело да се случи на позначаен спортски настан. 

„Се подготвува ли терористички напад во Скопје, Македонија. Ако е така, ова може да биде сликата што ќе го докаже тоа. Вџашувачки резултати од следење на кибер просторот“- напиша на социјалните мрежи канадскиот експерт за антитероризам, Мубин Шаих. 

Тој  објави фотографија на која се гледа импровизирана експлозивна направа на која пишува „Shkupi“, пиштол и лице со брада за кој се претпоставува дека е припадник на некоја радикална милитантна организација. 

Шаих до оваа фотографија дошол преку интензивно следење на сајбер просторот на кој информации објавуваат членови и симпатизери на „Исламската држава“ и други милитантни групации.

Пред неколку дена ИД се заканија дека Балканот е следната цел и дека не го заборавиле. Тие упатија закани кон „неверниците“ од словенското население, но и кон Албанците. 

Шаих е прфесор во Торонто, канадски експерт за антитероризам, но и поранешен џихадист кој се откажал од радикалниот ислам и почнал да работи против насилството на религиозна основа. 

Тој е поранешен припадник на службите за национална безбедност со искуство во тајни операции и експерт за ислам, радикализација, дерадикализација и религиозно мотивираниот криминал.

По нападите на 11 декември 2001-та во Њујорк, Шаих поминал 2 години во Сирија на исламски студии по што се откажал од радикалниот ислам, почнал со целосна дерадикализација и го отфрлил насилството во име на религијата.

По враќањето од Сирија повторно соработувал со службите за безбедност како таен агент, во неговата биографија е впишана и соработката со Обединетите нации, американски, канадски и европски институции и организации.

Слично

Поврзани вести