КАМПОТ ЉУБАНИШТА ГИ ОБЈАВИ НОВИТЕ ЦЕНИ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА: „Нека си седат тие од управата, ние за тие пари ќе одиме на море“
Кампот Љубаништа во Охрид. деновиве ги објави новите цени за сезоната 2026.
Според љубителите на ваквиот вид одмор, цените се превисоки и одговараат на цените во морските дестинации.
Па така, според ценовникот, за наем на бунгалов за 4/6 лица со големина од 48 квадрати, за еден ден во периодот од 11.07 до 10.09 изнесува 8.600 денари. Истиот бунгалов, за 2 дена чини 7.300 а за три и повеќе денови 6.700.
За наем на приколка во истиот период, за еден ден се плаќа 3.000 денари, за два дена 2.400, додека за три и повеќе денови 1.800 денари од ден.
Наем на помал бунгалов до 4 лица со големина од 24 метри квадратни во пикот на сезоната (што го наведовме погоре во текстот) изнесува 7.200 за еден ден, 6.100 за два и 5.400 за три и повеќе денови од ден.
За оние што сакаат престој во шатор за 2+2 лица, цената за истиот период изнесува 2.800 денари за еден ден, 2.400 за два и 1.600 за три и повеќе денови од ден.
За престој во прикола во пикот на сезоната изнесува 3.000 денари за еден, 2.400 за два и 1.800 за три и повеќе денови од ден.

Според граѓаните, цените се преголеми. Во коментари на објавата, пишува дека за тие пари ќе престојуваат некаде на море.

