Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кампањата се заострува, ова се денешните митинзи и активности на партиите

Кампањата се заострува, ова се денешните митинзи и активности на партиите

Деветти ден изборна кампања и нова можност политичките партии да се претстават пред граѓаните и да им ги презентираат своите програми. Активностите за предвремените парламентарни избори, продолжуваат со средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Гостивар и во Тетово.

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Македонска Каменица и во Делчево.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во Тетово и Гостивар и ќе одржи трибина во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево.

Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе одржи митинг во Боговиње. 

Kоалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓаните на Пржино, Црниче и Кисела Вода.

Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Теарце и во Бутел.


Слично

Поврзани вести