КАМПАЊАТА НЕ Е ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНАТА, АМА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ: Највеќе ја имало во Чаир, Струга и Скопје, вели Димовски
Илија Димовски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека изборната кампања за локалните избори, иако официјално не е започната, веќе трае повеќе од еден месец.
„Кампањата трае, посебно во општините Чаир, Струга и Скопје, и тоа не е лошо. Граѓаните имаат опција – кој сака, гледа други програми, кој сака, следи кампања,“ рече Димовски.
Тој додаде дека доминираат локални и граѓански теми, додека обидите на партии како ДУИ и Левица да наметнат национални теми не успеале.
„Очигледно, најголемите експоненти на такви теми, како Османи, објаснуваат на терен, но тоа не го менува фокусот на локалните проблеми,“ заклучи Димовски.
Слично
