Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кампањата на Максим почнува од Крушево, ДУИ ги претстави носителите на листите, а Таравари ја елаборираше платформата

Кампањата на Максим почнува од Крушево, ДУИ ги претстави носителите на листите, а Таравари ја елаборираше платформата

Кампањата на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски ќе почне од Крушево.

Претседателскиот кандидат на партијата ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, утре официјално ќе ја почне кампањата од Крушево под слоганот „Максимум за Македонија“, а насловот на програмата е „Манифест за Македонија“.

Кампањата ќе се одвива со караван со брендиран автобус кој започнува од Крушево, ќе се фокусира на голем број непосредни средби со граѓаните, а ќе организираат и најмалку два митинга. Ќе се обидат да посетат што поголем број места во земјава, а имаат, како што рече Димитриевски и скромен рекламен материјал, затоа што немаат можности да финансираат скапа кампања. Тој нагласи дека ќе прифати гостувања на сите тв – емисии и предизборни соочувања.

„Ќе тргнеме од Крушево, симболично, каде што се поставени темелите на нашата државност утре во 12 часот ќе ја презентираме програмата, а ќе завршиме последниот ден пред изборниот молк на 22 април во Струмица. Во континуитет ќе се обидеме да допреме до што поголем број на граѓани на непосреден начин да им објасниме за нашата програма која ќе содржи пет конкретни начела со конкретни решенија за нашите можности како држава што понатаму и како состојбата во државата да се стабилизира“, рече Димитриевски.

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ ги презентираше носителите и коносителите на кандидатските листи.

Носител во првата изборна единица е Блерим Беџети, а коносител Илир Асани. Во втората изборна единица носител е Садула Дураку, а коносител коалицискиот партнер Скендер Реџепи – Зејд. Во третата изборна единица носител е Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, а во четвртата Енвер Усеин.

Во петата изборна единица носител е коалицискиот партнер Зијадин Села, а коносител е Муса Џафери. На четвртото место е актуелниот пратеник Исмаил Јахоски. Во шестата изборна единица носител е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а коносител техничкиот премиер Талат Џафери додека Мендух Тачи е на четвртото место.

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари на денешната прес-конференција ја презентираше Претседателската платформа која се заснова на четири столба, Северна Македонија интегрирана во регионот и Европа, Северна Македонија производител на безбедност, правната држава и консензуалната демократија.

Слично

Поврзани вести